Шлепер прегази старица во Тетово

Од:

Во 12.25 часот во Тетово вчера на крстосницата од улица Благоја Тоска и улица Борис Кидрич се случила сообраќајна незгода во која камион „сканија“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(50) од Велес, удрило во пешакот Н.З. (65) од Тетово.

Во незгодата пешакот е тешко повреден и со екипа на Итната медицинска помош била пренесена во Клинички центар Тетово од каде поради сериозноста на повредите како итен случај била препратена во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина