Прилепчанец нападнат од својот сосед

Од:

Прилепчанецот К.П. (55) вчера околу 9 часот физички бил нападнат во неговиот дом на улицата „Скопска“ во Прилеп од страна на неговиот сосед И.Ј. (57) кој му нанел тешки телесни повреди.

Како што информира МВР, И.Ј. со вила ја отворил отклучената влезна врата од куќата, удирал по вратата, упатувал пцовки и повеќепати го удрил К.П. во пределот на главата и телото. КП. без свест бил однесен во Општа болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп. И.Ј. е приведен и задржан во Полициската станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он