Многу сочен и ароматичен колач …
Потребно е:
320 гр брашно
1 пудинг од ванила
260 гр свежо сирење
120 гр путер
2 лажици прашок за пециво
2 лажици какао во прав
2 ванилин шеќер
150 гр + 4 лажици шеќер
300 мл + 100 мл млеко
2 лажици џем од кајсии
неколку кајсии
Подготовка:
– Прво направете го филот од свежо сирење. Загрејте 100 мл млеко да биде млако и сипете го во еден подлабок сад. Додадете го свежото сирење, пудингот од ванила, 1 ванилин шеќер, 4 лажици шеќер и убаво измешајте.
– Преминете на подготовка на тестото. Во сад на рингла ставете 300 мл млеко, додадете го путерот, 150 гр шеќер и ванилиниот шеќер. Оставете да се загрее додека да се растопи путерот.
– Во друг сад помешајте го брашното со содата. Сипете го во брашното и со миксер матете го неколку минути.
– Одвоите 1/3 од тестото и во него измешајте го какаото во прав.
– Намастете го калапот за куглоф и посипете го со малку брашно.
– Излупете ги кајсиите, исчистете ги од семките и поделете ги на половинки. Оставете ги малку да се исцедат.
– На дното на калапот ставете половина од белото тесто. Потоа ставете го целото тесто со какао и наредете ги кајсиите. На крај прелијте со филот од свежо сирење и со остатокот од белото тесто.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 1 час. Проверете со дрвено стапче дали е печен.
– Во сад на рингла загрејте го џемот од кајсии додека да стане по течен. Премачкајте го целиот куглоф со џемот и посипете со листови свежо нане.
– Оставете да се излади џемот и послужете.