Српските власти се уште не се ослободени од вирусот на политика на агресивна „Голема Србија“ и југословенскиот комунистички систем и доколку тоа не го направи, Белград нема да може да се приклучи кон ЕУ, напиша на својот фејсбук профил хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Миро Ковач.
– Хрватската јавност постојано е критикувана од српските власти, кои во 90-те години беа дел од власта и владејачките партии, кога Белград ги започна војните во Словенија, Хрватска, БиХ и Косово и ги загуби една по една, пишува Ковач.
Тој нагласи дека „наместо да ја признаат својата одговорност за започнување на војните, за стотиците жртви и уништени судбини, српските власти и натаму продолжуваат со поттикнување чувство на омраза кај својот народ, со што оневозможуваат долгорочна добрососедска соработка во европски дух“.