Десет лица се повредени при силна експлозија во една пприватна куќа во местото Аштон-андер-Лајн, во околината на британскиот град Манчестер, соопшти денеска локалната полиција.
Три лица имаат сериозни изгореници по телото, додека кај другите се регистрирани скршеници и помали повреди.
Сите десетмина повредени се префрлени во болниците во Манчестер и се задржани на лекување.
Полицијата отвори истрага за инцидентот, што се случи во дел со терасесто поставени приватни куќи, повврзани една со друга, но засега не се знае причината за експлозијата.
– Наеднаш слушнавме силна експлозија. За момент затрепери тлото, а потоа видовме густ, црн чад, изјави за локалните медиуми еден од жителите во соседството.
Од силната експлозија куќата е речиси целосно уништена, но оштетување има и кај објектите кои биле во непосредна близина.
Полицијата нареди прекин на дотокот на гас и струја во целиот блок, а квартот во овој дел од Манчестер е блокиран.