Совршено лесен колач за подготовка и за почетници …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
2 чаши (од 250 мл) пченично остро брашно
1 чаша шеќер во прав
230 гр путер, растопен
1/2 лажиче екстракт од ванила
за филот со јајца:
4 јајца
1,5 чаша шеќер
1 лажиче прашок за пециво
1/4 чаша пченично остро брашно
3/4 чаша сок од лимон
1 лажиче изрендана кора од лимон
Подготовка:
– Измешајте ги брашното и шеќерот во прав. Додадете го растопениот путер и убаво измешајте да добиете масно, меко тесто.
– Тестото со рака убаво раширете го во намастена тава за печење (23 х 33 см).
– Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 15 минути или додека да добие убава златна боја. Оставете да се излади.
– За филот со јајца изматете ги јајцата да станат пенести.
– Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и шеќерот. Додадете ги во изматените јајца и полека измешајте додека да добиете хомогена смеса.
– Во смесата додадете ги сокот и изренданата кора од лимон.
– Добиената смеса прелијте ја над печеното бисквитно тесто и тавата вратете ја во рерна.
– Допечете го колачот уште 25-30 минути, се одека филот од јајца не стане малку потврд. Внимавајте да не го препечете горниот слој.