Завршена контролата на штетите во јавните објекти во Општина Центар

Од:

Општина Центар ја заврши контролата на штетите од поплавите во јавните објекти, како што се основните училишта и градинките, кои се наоѓаат на територијата на општината. Констатирано е дека освен веќе објавените штети за ОУ „Кочо Рацин“, сите останати објекти се суви и неоштетени од синоќешните поплави.

Во текот на целиот ден се работи по дојава на граѓани и се испумпува вода од гаражи и подруми, таму каде за тоа има потреба. Има вкупно петнаесет пријави на телефонот на кој граѓаните уште од утрово можеа да пријават штети и да побараат помош. Во критичните објекти е веднаш излезено на терен, додека објектите со помали штети ќе бидат посетени од општинските служби во текот на утрешниот ден.

Во текот на денот, на еден од краците на улица Козара се отвори дупка која е веднаш заштитена и се чека асистенција од службите на “Водовод” за нејзино санирање.

Поплавувања, но во помал интензитет, имало и во гаражите кај Градски Ѕид, каде водата веќе е извадена. Оштинските власти информираат дека во овој дел од градот се можни повторни проблеми, бидејќи обилни дождови се најавени и за вечерва. Градоначалникот Андреј Жерновски апелира граѓаните активно да се вклучат и да ја информираат општината веднаш штом забележат поплавени места на телефонскиот број 072 268 746.

Општината веќе формираше кризен штаб од десет луѓе кој од денеска треба да биде поддршка на централниот кризен штаб во Град Скопје. Покрај овој тим, кој ќе делува централно, на локално ниво остануваат подготвени тимовите за интервенции, доколку за тоа се појави потреба. Бидејќи се најавува ново невреме, телефоните за контакт и тимовите за интервенција ќе бидат достапни постојано во текот на денот и во ноќните часови.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар