Ги поврзува ли нешто Трамп и Путин?

Од:

Би-Би-Си руска редакција – Лондон

Според предизборниот штаб на Хилари Клинтон, руските такни служби ги хакирале серверите на Демократската партија со цел извлекување на е-пошта во корист на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Некои експерти ја споделуваат загриженоста дека ако навистина Трамп е поврзан со Русија, Москва може да влијае на резултатите од американските избори.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли претпоставките дека Русија е вмешана во кибернападот врз серверите на Демократската партија на САД.

– Не би сакал да коментирам шпекулации, отфрли тој прашан од новинари да ги коментира овие наводи.

Има ли всушност нешто кое малку од малку го поврзува Трамп со Русија?

1. Хакерски напади врз електронската пошта

Конгресот на Демократската партија на САД се очекуваше да помине како по вода – ако не истекоа информации од серверите на Националниот комитет на партијата, што предизвика целосен хаос во Филаделфија.

Ккао што подоцна објави Њујорк тајмс, „анализата за тоа што се случило доведува до заклучокот дека серверите на Националниот комитет биле хакирани од две руски спецслужби“.

А изданието Дејли бист, напиша дека „според некои официјални лица во САД нападот бил смислен обид резултатите од претседателските избори да бидат во корист на Доналд Трамп“.

Трамп и неговите помошници одрекуваат било каква врска со хакерските напади и нема никакви докази дека кандидиатот е вмешан во било што од тоа.
-Нова урбана легенда: Русија наместила катастрофално истекување на имејли, какви што не би требало да се пишуваат, само затоа што на Путин му се допаѓам, напиша Доналд Трамп на својата страница на Твитер.
2. Руски тим во штабот на Трамп
Шефот на предизборниот штаб на Трамп, Пол Манафорт, ја минал кариерата првенствено како политички советник во Источна Европа.
Работел, на пример, во отстранувањето од власт на претседателот на Украина, Виктор Јанукович во 2014 година, за кого беше познато дека беше сојузник на Путин.
Новинарот од изданието Токинг поинтс мемо, Џон Маршал, е меѓу најстрасните поддржувачи на идејата дека кандидиатот на републиканците има врска со Русија. Според Маршал, надворешнополитичкиот советник на Трамп, Картер Пејџ, е во „постојани финансиски и соработнички односи со Гаспром“.

-Без претерување ќе кажеме дека штом си обврзан со Гаспром на толку серизоно ниво, тоа автоматски води до целосна лијаност кон политиката на Путин, напиша во своето издание Маршал.

Како одговор на неговата теза, експертот за информациска безбедност и писател Џефри Кар, забележа дека Пејџ ја сопрел соработката со Гаспром уште во 2007 година, и од тогаш во Русија заработил многу малку пари.

3. Промени во дневниот ред на републиканците

Неколку дена пред конгресот на републиканците, нациолналниот партиски комитет ја смени својата позиција кон Русија – под притисок на луѓе од штабот на Трамп.

Еден делегат предложи исправка каде се бара од САД да и помагаат на Украина со „смртопносни оружја“ за борба против поддржаните од Русија сепаратисти во источните региони од земјата. Според информации на дневниот весник Вашингтон пост, токму екипата на Трамп издејствувала формулата да биде избришана и сега да звучи „доставување на соодветна помош“.

Тоа, се разбира, истовремено се случува кога републиканскиот канидидат рече дека може да одбие бесзусловна поддршка на американските сојузници во НАТО, ако Русија влезе во балтичките земји.

Од друга страна, иако таквата позиција се размунива со традиционалниот принцип на републикацните, во Вашингтон и порано се случувале слични нешта.

– Претседателот Барак Обама донесе одлука да не испраќа оружје во Украина – и покрај препораките од Стејт департментот, објави Вашингтон пост.

4. Финансиски врски

Трамп веќе не се впушта во бизниси со американски банки. наместо тоа, според Џон Маршал, тој ја основал и зацврстил својата финансиска империја до голема мера со помош на капитал кој дошол од Русија.

Покрај другото се спомнуваат и „сомнителни извори од Русија и Казахстан“, се посочува во судска информација чиј текст го објави Њујорк тајмс.

Самиот Трамп изјави дека нема никакви инвестиции во Русија.

Како што пишува весникот Форин полиси, иако се поголем број странски фирми успеале да развијат бизниси во Русија, Трамп до денес не постигнал усех по тоа прашање.

-Фактот дека по толку обиди и со толку сериозни намери г-динот Трамп не успеал да изгради ништо во Русија – како тшо успеаја Риц Карлтон, Кемпински, Радисон, Хилтон и многу други западни хотелски ланци, покажува дека нема доволно врски со влијателни луѓе во Русија, пишува новинарката.
Компании кои работат со недвижни имоти неретко добиваат големи бизниси во Русија, но нема никакви докази политичките амбиции на Трамп да биде „купени“.

-Корелацијата не ја докажува причинско-последичната врска. Ако инвеститорите сакаат да влијаат врз луѓе кои располагаат со власт, тоа уште не значи и дека ќе успеат, пишува Даниел Дрезнер од Вашингтон пост.

5. „Здраво машко пријателство“

Путин го нарече Трамп „многу жесток“ и „талентиран“ човек.

Трамп неколку пати со восхит зборувал за политичката сила на Путин.

-Гледаме силна взаемна симпатија помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави советникот на Хилари Клинтон, Џон Подеста, запрашав во телевизиско интервју за хакерскиот напад врез серверите на демократите.Тој всушност истакна дека Трамп нема никаква врска со рускиот претседател.

Претседателот на САД, Барак Обама, во интервју за телевизијата Ен-Би-Си рече дека не знае дали во хакерскиот напад има руска вмешаност.

-Знам само дека Трамп не еднаш изразил инспирација од Путин. И мислам дека во Русија го сакаат, рече Обама.

Според Јулија Јофе, луѓето во Кремљ не ја сакаат Хилари Клинтон и сметаат дека претседателствувањето на Трамп би било плитички поприкладно за Русија.

Но сето тоа не значи дека Трамп е во договор со Путин. Нема ништо противзаконско да зборуваш со топли зборови за еден американски канидидат за претседател или да имаш политички ставови кои се совпаѓаат со неговите.

Уште повеќе што, како што произлегува од последните социлошки анкети, тоа не е пречка за избирачите во САД.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД