Две лица загинаа попладнево, кога со автомобил паднале во вештачкото езеро кај браната Калиманци, јави Макфакс.
Според првичните информации, станува збор за брачна двојка пар од Македонска Каменица, а полицијата успеала да го извлече телото на жената, додека по мажот се трага.
Истражните органи на терен утврдуваат како дошло до несреќата.