Од северните грчки острови ќе бидат преместени илјада бегалци

Од:

На грчка територија денеска се регистрирани 57.034 бегалци и мигранти, додека во последните 24 часа има 119 нови пристигнувања, јави дописникот на МИА од Атина.

Според Координативното тело за управување со бегалската криза, 22.250 од бегалците се во северна Грција, 10.102 се сместени во регионот на Атика и 2.609 се наоѓаат во објекти во централна и јужна Грција.

Вкупно 7.440 бегалци и мигранти се сместени во неколку објекти изнајмен од страна на УНХЦР, 2.849 се во неорганизирани објекти, а 2.150 лица живеат надвор од организирана објекти.

На островите во источниот дел на Егејското море има 9.634 бегалци и мигранти.

По преместувањето на 300 до 400 бегалци од островот Хиос, од околу 2.700, кои се наоѓаат на островот, според договорот ЕУ-Турција, добро упатени извори од Министерството за миграција изјавиле дека од островите во северниот дел на Егејското море ќе бидат префрлени околу 1.000 луѓе.

Се работи за бегалци кои бараат азил и првиот дел од постапката е завршен и одобрен, но поради разни причини, главно финансиски, се уште не заминале за Атина каде мора да го поминат вториот дел од постапката за добивање азил.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит