Младата машка репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз на Европското првенство играчи до 20 години што се одржува во Данска.
Во натпревар од втората фаза по групи, и тоа за пласман од 9 до 16 место избраниците на селекторот Александар Јовиќ попладнево се поразени од врсниците од Шведска со 22:27. полувреме 12:17.
Избраниците на селекторот Александар Јовиќ беа рамноправни со Швеѓаните само во првите петнаесетина минути од мечот, кога впрочем резултатот беше и израмнет (7-7).
Во продолжението младите „Викинзи“ го забрзаа темпото и на полувреме заминаа со пет голови предност 17:12.
И во вториот дел иста слика на теренот, па младите шведски ракометари рутинирано го одржуваа водството за на крај да забележат победа со конечни 22:27.
Во групата 4, во чии рамки се одигра овој меч, вечерва ќе играат Холандија и Унгарија репрезентација против која македонските младински ќе играат утре во вечерниот термин од 20 часот.