Турција повторно бара од САД екстрадиција на Ѓулен

Од:

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг повторно побара од САД апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, а кого Анкара го обвинува за неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.

Боздаг денеска испратил „втор писмен документ“ со барање за апсење на Ѓулен, но не се наведуваат повеќе детали за содржината на документот.

Вашингтон од Анкара бара докази за вмешаност на исламскиот проповедник во неодамнешните немири во Турција, нагласувајќи дека процесот за екстрадиција мора да биде испочитуван.

Речиси 70.000 луѓе во Турција се отпуштени од работа по обидот за пуч поради сомнеж дека се поврзани со движењето на Ѓулен.

Би можело да ве интересира

Финансиер на мрежата на Ѓулен уапсен во Судан

Ана Ололовска

Почнаа преговорите меѓу САД и Турција за екстрадиција на Ѓулен

А1он

Турција официјално побара од САД притвор за Ѓулен

Емир Латифовиќ

Ѓулен бара меѓународна истрага за обидот за преврат во Турција

Емир Латифовиќ

Судот во Адана нареди да се конфискуваат сиот имот и сметки на Ѓулен во Турција

Емир Латифовиќ

Турскиот суд издаде официјален налог за апсење на Ѓулен

Емир Латифовиќ