Четири лица пријавени за исчезнати во МВР

Од:

Две лица во Куманово и уште две во Скопје се пријавени во МВР за исчезнати.

На 31.07.2016 година во СВР-Куманово, В.К. пријавил дека на 30.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот чичко Н.К.(54).  МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.08.2016 година во СВР-Куманово, Д.Ш. (40) пријавил дека на 30.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А. Ш. (20). И за овој случај, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.      
                                  
На 01.08.2016 година во Полициската станица-Гази Баба, Р.К. (27) пријавил дека на 31.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 12 годишен син.  МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.08.2016 година во Полициската станица-Карпош, М.Л. (44) пријавила дека на 28.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг З.Л. (46). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје