Во Холандија уапсен маж кој извикувал „бомба“ во автобус

Од:

 Холандската  полиција денеска уапси едно лице, кое во автобус во движење извикувало „бомба“, но како што соопшти портпаролката на локалната полиција, засега нема никакви индиции за сериозна закана.

Како што пренесуваат локалните медиуми, настанот се случил во автобус што полицијата го запрела на еден од главните автопати во Холандија, близу Амстердам. Тоа предизвикало застој во сообраќајот. Осомничениот патник е приведен и при претресот, тој бил цело време држен на нишан.  

По минатонеделната дојава за можна бомбашка закана на аеродромот „Шипол“, во Холандија контролата на возилата е значително зајакната. 

По исламитичките екстремистички напади во Франција, Белгија и Германија, за можна следна цел се смета и Холандија, поради поддршката што властите ја изразуваат во однос на војната против ИД.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина