Во Битола се одржа ревија на носии „Традицијата оживува“

Од:

 Приватна колекција на народни носии, од етничкиот предел Долни Полог, на колекционерот од Скопје Бојан Петковски, синоќа ги збогати содржините на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола.
На ревијата беа прикажани социјалните аспекти на женски народни носии  од селата во околината на градот Тетово кои колекционерот и автор на ревијата ги собирал истражувајќи во периодот од четири години.
– Ревијата како сценско-уметнички проект е во функција на оживување на традицијата и затоа ја нареков „Традицијата оживува“. За време на ревијата девојките со носии пеат, покажаа дел од орската култура, инструменталната традиција и затоа станува збор за една синкретична форма, а не само ревија. Во ревијата се вклучија уметници од ансамблот „Македонија“ кои носеа носии на невеста, млада невеста, жена во средно доба, стара жена и стара жена во жалост, појасни Петковски.
Ревијата на народни носии „Традицијата оживува“ по синоќешното премиерно претставување на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола, во наредниот период ќе биде презентирана во Штип и во Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола