Младите македонски ракометари ќе разигруваат од 9 до 16 место на ЕП

Од:

Младата машка репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство за ракометари до 20 години, што се одржува во Данска.

Избраниците на селекторот Александар Јовиќ со трите порази (од Норвешка 27-24, Данска 23-18 и Холандија 33-30) во првата фаза завршија како четврто пласирани во Ц групата.

Така црвено-жолтите заедно со селекцијата на Холандија која беше трето рангирана ќе вкрстат со трето и четврто пласираните репрезентации од Д групата, Унгарија и Шведска во вториот круг од шампионатот односно натпреварите за пласман од 9 до 16 место.

Денеска е слободен ден на првенството, а утре македонските младинци ќе играат против Шведска, додека во среда противник ќе им биде селекцијата на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ