Спасовски во Чашка: Издржете, доаѓа домаќинска Влада во декември

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, со жителите на општина Чашка, селото Лисиче и селата Горно Јаболчиште и Долно Јаболчиште на разговор со младите кои во мал број се останати тука. Крајот е пуст, иселеноста се зголемува. Нема работа се првите зборови на младите луѓе кои прашуваат како да ја планираат иднината во своето родно место.

Нивните родители и повозрасните се жалат дека во целата сиромаштија власта ги оставила и без нивните имоти. Велат дека неправедно им се одземени големи површини имот, коишто се пишани во Катастарот како имот на Р.Македонија.

Движењето низ селата се одвива тешко бидејки патиштата се лоши.

-Оваа власт на Груевски не се грижи за граѓаните. Се грижат за нивните интереси, за тендерите преку што се богатат. Слушнавте и гувернерот Богов мораше да признае дека јавниот долг на државата е на историско ниво, со ова последно задолжување од 450 милиони евра што го направија. Не работат домашните претпријатија, затоа се е замрено. Издржете, заедно да ја смениме оваа власт во декември, младите ќе си ги вратиме во земјава. Граѓаните, убедени сме, на регуларни избори ќе и дадат доверба на СДСМ да ја води држава. СДСМ ќе предводи домаќинска влада, `се што ви е незаконски одземено, ќе ви биде вратено, сите пари што ги украдоа, ќе ги вратат. Овде може и ќе се живее достоинствено, говореше Спасовски со луѓето.

Тој беше и гостин во домовите на некои семејства, а во пресрет на Илинден, во чест на празникот го посети и манастирот Свети Илија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите