СДСМ: Благодарение на катастрофалните политики на Груевски над 600 илјади граѓани ја напуштија Македонија

Од:

Благодарение на катастрофалните политики на Никола Груевски над 600 илјади граѓани ја напуштија Македонија во последните 10 години. Повеќе од половината се млади. Оние кои се останати во земјава, во најголем дел се невработени. Другите се подготвуваат да заминат, велат од СДСМ.

„Груевски знае дека ја нема довербата на младите.

СДСМ по следните фер и демократски избори ќе овозможи изградба на куќа до 150 метри квадратни сосубвенција за покривање на 50 проценти од комуналните трошоци.Без разлика на возраста, дали граѓаните се вработени или не, дали се кредитоспособни и колкава плата примаат. Особено без разлика на партиската припадност. Комуналниот надоместок е од 20 до 120 евра за метар квадратен. Тоа тоа значи дека секој граѓанин ќе плати помалку за комуналии од 1.500 до 9.000 евра. Ова е само една од мерките со коишто ќе овозможиме дом и живот за младите во нивната родена земја. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите“, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек

Предраг Петровиќ

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он