Кошарка У-18: Македонија убедливо ја победи Албанија

Од:

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години забележа убедлива победа во дуелот против Албанија во рамките од Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

По четирите порази во првата фзана на првенството, по групи, избраничките на селекторот Горјан Стојановски, конечно ја остварија првата победа и тоа над Албанија со 79-44 во натпревар за пласман меѓу 17. и 19. место на првенството.

Во текот на целиот меч нашите кошаркарки беа подобри од албанските врснички за што говори и резултатот по четвртини: 26:6, 24:16, 13:11 и 16:11.

Со по 21 постигнат поен за црвено-жолтите Цветанка Димова и Сања Адамовска беа најефикасните кошаркарки на натпреварот.

Утре, на последниот ден на шампионатот, во истиот термин од 12 часот, македонските јуниорки ќе играат против Романија.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти

ВИДЕО: Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

На Попова Шапка најстудено со – 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар

Предраг Петровиќ

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин