Охридски лекари се приклучија кон штрајкот

Од:

Членовите на охридскиот огранок на Самостојниот синдикат на лекари денеска се приклучија кон штрајкот на лекарите од Кллиничкиот центар во Скопје, кои преку протест го спорат моделот на плата по учинок.

Охридските лекари кои се вклучуваат во штрајкот, почитувајќи ја лекарската етика протестот го остварија работно, со укажување дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без соодветна мединцинска помош.

Претседателот на самостојниот синдикат, прим-др. Никола Симоноски, на прес-конференцијата свикана по повод штрајкот појасни дека натамошниот тек на нивните простести директно ќе зависи од ставовите што ќе ги изнесе министерот за здравство.

– Ние не сме против методот на плаќање според учинок, но не со намалување на бодовите туку истиот систем да се заснова врз наградување, односно буџетирање над онаа загарантирана плата, рече Симоноски, изразувајќи очекување дека и самите пациенти ќе ги поддржат лекарите во нивните барања.

Би можело да ве интересира

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови