Тодоров: Во сите градови ќе има дежурни аптеки кои ќе работат и во ноќните часови

Од:

Во сите градови од Македонија ќе се воведуваат дежурни аптеки кои ќе работат и во ноќните часови, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, одговорајќи на пратеничко прашање.

Според него, ова е сериозен проблем на кој Министерството веќе подолго време заедно работи со Фондот за здравствено осигурување.

– Се прашувам зошто ова прашање не го поставивте кога бевте на власт? Дали поставувате прашања кои се од интерес на граѓаните само кога сте во опозиција? Секогаш кога ја имате одговорноста да управувате со институциите, овие и вакви прашања не доаѓаат на дневен ред, се водите од други интереси, некогаш лични, некогаш партиски, му рече Тодоров на Менде Динески од СДСМ кој праша дали се планира отворање дежурна аптека во Битола.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство