Од џип украдени 13 илјади евра, македонски и американски пасоши

Од:

Во селото Колибари, кичевско, од Џип Чироки со американски таблици, како што пријавил сопственикот, се украдени 9.450 евра, 4.720 долари, накит, американски и македонски пасоши.

Полицијата соопшти дека на вчера во 2:00 часот по полноќ телефонски во Полициската станица-Кичево, А.Б. (34) од с.Колибари пријавил дека во четвртокот околу 21:30 часот во „Џип Чироки“ со американски национални ознаки, од страна на непознат сторител била извршена кражба. Сторителот одзел женска чанта во која имало 9.450 евра, 4.720 американски долари, накит, три патни исправи издадени од САД на име на пријавителот, неговата сопруга и нивниот син и две патни исправи издадени од Република Македонија на име на пријавителот и неговата сопруга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

EiCrypt платформата за cloud mining овозможува учество со користење криптовалути, со можност за заработка до 3.200 американски долари дневно.

Предраг Петровиќ

Уапсени се двајца мажи од Крушевац под сомнение за изнуда

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Филипо: Милијарди евра доделени на Украина се користат за финансирање на тероризам

Постапка против менаџер осомничен за затајување 2,8 милиона денари