Пронајдено уште едно тело на мртов маж на Планината Бистра

Од:

Полициски службеници пронашле тело на мртов маж на планината Бистра, на оддалеченост од околу половина километар од местото каде пред три дена беше пронајден машки труп во поодмината фаза на распаѓање.

Информацијата ја потврдија и од МВР, од каде дополнуваат дека веднаш по пријавувањето околу 15.30 часот, екипи за увид се испратени на местото.

Во јавноста откривањето на двете тела се поврзува со изсчезнуавњето на татко и син Љубомир М.(78) и Сашо М.(50) од Скопје. Двајцата додека престојувале во семејна викендичка во селото Лазарополе, излегле на прошетка и од 14-ти јули по нив се трага.

Засега нема официјална потврда дека станува збор за исчезнатите лица, по кои трагаа полициски специјалци, планинари и локално население. Дали вториот пронајден труп му припаѓа на некој од исчезнатите допрва ќе се утврдува со обдукција.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина