(ВИДЕО) Мехмедовиќ: Тодоров да го објасни скандалот со инфицирани пациенти на Очно, дали се зголемува бројот и зошто!

Од:

Министерот Никола Тодоров се сокри и го пушти раководството на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар во Скопје да го објаснува скандалот со инфицираните пациенти.

Раководството на Клиниката писмено призна дека има компликации кај пациенти кај кои биле спроведени третмани!

Бараме од Никола Тодоров да не ги користи за оправдувања соработниците на Очната клиника, туку веднаш да излезе и да каже дали причината за инфекцијата кај оперираните пациенти е загаден препарат, според информациите коишто ги добивме?!

Дали и како загаден препарат, што се користи во тек на операција, се нашол на Клиниката за очни болести, праша Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Според последни информации што ги добивме од Клиниката, бројката на оперирани пациенти со инфекција, не само што не е неколкумина како што тврди раководството, туку ја надминала бројката за којашто информиравме вчера – 15-мина!

Дали е точно дека е зголемена на 25-мина бројката на пациенти со инфекција, откако им биле оперирани очите?

Бидејки раководството на Клиниката за очни болести тврди дека салите се отворени за операција, а истото тоа раководство призна дека има повеќемина пациенти со компликации, граѓаните мора да добијат одговори:

-Дали постојат повеќемина пациенти со компликации со инфективно потекло?

Според Правилникот за инфекции “доколку постојат два или повеќе случаи на болнички инфекции кои меѓусебно се поврзани по место, време и начин на појавување тогаш постои епидемија на интрахоспитална инфекција“.

Доколку постои инфекција, раководството на Клиниката морало да го утврди изворот на инфекција.

Одговорите граѓаните ги очекуваат од министерот Тодоров кој го уништи јавното здравство со неговите штетни политики.

Комисијата за здравство на СДСМ со голема загриженост го следи случајот.

Порачуваме, внимавајте на здравјето на пациентите, ќе следува одговорност!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он