16 годишно момче со „голф“ усмрти мотоциклист во Гостивар

Од:

Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 2:30 часот, во близина на зградата на судот во Гостивар, кога автомобил марка „голф“, со кој според првичните сознанија управувал 16-годишниот Б.А., удрил во мотоцикл управуван од 31-годишниот М.Б.

Од ударот М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. Возачот на голфот и неговите тројца сопатници, како и сопатникот на мотоциклот не се повредени.

Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, а нареди и анализи на крв и урина на сите учесници во сообраќајната несреќа. Исто така, со цел со сигурност да се потврди кој точно управувал со возилото и мотоциклот, надлежниот јавен обвинител нареди да бидат земени ДНК профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на лице место.​

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски