Мали и превкусни чоколадни кокос топчиња …
Потребно е (за 15-тина кокос топчиња):
2 големи, полни лажици сварен компир
околу 140 гр шеќер во прав
околу 100 гр кокос
малку екстракт од ванила
прстофат сол
околу 200 гр млечно чоколадо
Подготовка:
– Компирот излупете го и ставете го да се вари, а потоа испечете го малку во рерна за да биде сув. Испасирајте го низ цедалка.
– Кога ќе се излади компирот додадете го малку по малку шеќерот во прав и убаво измешајте. Додадете ги екстрактот од ванила, прстофат сол и малку по малку и кокосот со постојано мешање. Кокос додавајте додека да ја добиете саканата густина.
– Од оваа смеса со раце обликувате топчиња со големина на орев.
– Растопете го чоколадото. Топчињата од кокос потопете ги во растопеното чоколадо, оставете ги да се стегне чоколадото и послужете ги.