Младата машка ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Норвешка го започна својот настап на Европското првенство за играчи до 20 години.
На шампионатот кој се одржува во Данска, македонските младинци се поразени од Норвешка со 27:24 полувреме 12:7 во натпреварот од 1.коло на Ц групата.
Најефикасен во редовите на црвено-жолтите беше Давор Палевски со 6 голови, додека Филип Талевски, Филип Кузмановски и Мартин Велковски постигнаа по три гола.
Во оваа група , вечерва се игра натпреварот Данска – Холандија, а утре македонските ракометари за противник ќе ја имаат домашната селекција на Данска, додека во недела ќе играат против Холандија.