Нов лик и енергетско ефикасна фасада на зградата 13А на “Климент Охридски“

Од:

Новата сина боја на терасите, вака изгледа зградата број 13А на булеварот “Климент Охридски“.

Станарите се задоволни, велат дека конечно и нашата зграда го доби ликот кој го заслужува и кој го посакувавме, соопштуваат од општина Центар.
fasada 1

Општината ја реконструираше фасадата со површина од 1470 м2 и како и на сите досегашни реконструкции на зградите, поставена е од сите страни енергетско ефикасна фасада, а не само на предниот дел од зградата.

Новата фасада овозможува подобри услови за живеење на станарите и тие сега ќе плаќаат до 30% пониски сметки за електрична енергија.

Фасадата е контактна, изведена од стиропор со дебелина од 5 см и завршен слој од пластичен малетр. На барање на граѓаните, заменети се и олуците и окапниците.

Задржан е автентичниот изглед на зградата, која е изградена во 50-тите години на минатиот век. Ова е една од попознатите згради во Скопје, се наоѓа на значајна сообраќајница, а руинираниот изглед до пред неколку месеци го нагрдуваше просторот.

Ова е 12-та зграда која со реконструкција доби енергетско ефикасна фасада, а средствата се одвоени од буџетот на општината.
fasada 3

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар