Холанѓанка починала во комплексот Свети Стефан во Охрид

Од:

Холанѓанка на возраст од 35 години, била пронајдена мртва во комплексот Свети Стефан во Охрид, соопшти полицијата.

Во средата, во 18.35 часот во СВР Охрид, лекар од Итна медицинска помош Охрид пријавил дека во комплексот Свети Стефан непознато женско лице не давало знаци на живот. Жената со возило била префрлена во Центарот за кардиоваскуларни болести во Св.Стефан каде доктор констатирал смрт над лицето без видливи траги на насилство.

Увидна екипа на СВР Охрид извршила увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С.  (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија.     

По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид и во собата во која престојувала починатата. Во текот на денешниот ден над телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицински центар Битола, Оддел за судска медицина.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина