Пронајден труп во распаѓање на Бистра

Од:

Полициски службеници, ренџери и „специјалци“ денеска при претрага на терен во близина на патот што води за селото Гари, откриле труп на маж, информираат од МВР.

Телото најдено во месноста „Кош“ било во поодмината фаза на распаѓање што ја отежнало идентификацијата, определување на возраста или причината за смртта.

Во меѓувреме, теренот каде што е најдено телото е обезбеден, а известен е и надлежниот јавен обвинител. Според најавите, во текот на денот се очекува да почне истрага која треба да расветли повеќе поединости кои поврзани со овој случај.

Од МВР не можеа да потврдат дали ова тело му припаѓа на еден од двајцата исчезнати скопјани по кои од пред две недели се врши потрага откако залутаа на планината Бистра.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он