Сега веќе нема сомнежи: Алармантните податоци покажуваат дека Хрватска умира

Од:

Слободна Далмација – Сплит

Хрватска лани немала природен прираст, што не е новост, демографскиот минус и падовите долго се наша непријатна стварност, но ланскиот минус беше најголем во изминатата деценија.

Лани имало 16.702 повеќе починати од родени, а тој природен пад беше 48 отсто поголем од онов во 2014 и речиси двојно поголем од минусот од 2008 година. Падот во 2014 беше минус од 11.273 жители, а во 2008 година изнесуваше негативни 8.398, а сегашниот прираст е полош за дури 98,9 отсто.

Минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика, беше најлоша во цела деценија според бројот на починати и родените. Во 2015 година имало најмалку родени и најмногу починати во цела деценија. Поради тоа резултатот е таков каков што е.
Во земјата лани се родени 37.503 бебиња, 5,2 отсто помалку од претходната година. Бројот на родените деца од 2013 година падна под 40.000 и продолжи да паѓа, додека сите изминати 10 години бројот на починати беше над 50.000. Лани во земјата починале 54.205 луѓе, дури 3.366 или 6,6 отсто повеќе од претходната година.
Не убија и миграциите
Крајот на лошите вести не е тука. Ова е прва година во која во ниту една жупанија во Хрватска нема позитивен природен прираст. Во сите е остварен минус или природен пад. Плус или позитивен природен прираст статистиката лани забележала во 56 градови и општини, негативен бил во 490 градови и општини, додека девет биле на нула, што значи дека родени имало колку и починати.
Меѓу сите градови и општини рекордер е Солин. Прв е во Хрватска и Далмација со природен прираст од 100. Лани така се родени 272 Солинјани, а починале 172. Меѓу 56 градови и општини во земјата со природен прираст се издвојува Метковиќ со 58 повеќе родени од починати, Каштел со природен прираст од 56, Метковиќ со 58, Жупа Дубровачка со 46, Имотски со 32…
Го прашуваме др. Стјепан Штерац, демограф и професор на Природно-математичкиот факултет во Загреб, до кога ќе паѓаме, со оглед на тоа дека покрај неповолното движење на населението мака мачиме и со иселување на населението.
– Можеби оваа година да имаме природен пад од минус 20.000 луѓе, според податоците за првиот квартал од оваа година. Тоа не е изненадување, тоа се трендови кои се очекувани, тоа што ние го најавувавме, тоа сега се случува. Сега уште имаме и исклучително негативен миграциски биланс. Германија објави дека 58.000 луѓе од Хрватска лани се преселиле во Германија, а каде се тука уште Ирска, Австрија, прекуокеанските земји…, така многу е веројатно бројот на иселени луѓе да е многу поголем, вели тој.
– Најинтересно е дека ние тоа постојано го повторуваме, вие новинарите го објавувате, а нема апсолутно никаква политичка реакција на тоа. Дури, сега е јасно дека тоа ќе го закочи стопанскиот раст во земјата и дека не може во такви услови да се направи ниту еден модел на економско зајакнување, вели демографот.
На прстите на една рака
Штерац потенцира дека оваа проблематика никогаш не била толку примарна, а политичарите ја користат само во предизборие, па веројатно истото ќе се случи и за претстојните избори.
– Сега тоа ја зафати и цела Хрватска. На прстите на една рака можеме да ги изброиме општините и градовите кои имаат природен прираст, другото е во природен пад, со многу мали можности тоа да се спречи. Со интензивирањето на иселувањата навистина ќе дојдеме во состојба тоа да стане главен лимитирачки фактор за развојот на Хрватска, бели тој.
– Помножете ги со иселените во Германија, ќе добиете 580.000 луѓе, додајте го на тоа 10-годишниот природен пад од 20.000, тоа е 200.000, па доаѓате до тоа за 10 години да имаме пад на населението од 800.000 до милион жители. Ќе имаме помалку од три милиони жители или ќе бидеме на тоа ниво од три милиони! Нема да можеме беневолентно да гледаме на тоа, ќе мора да реагираме на тие податоци, ќе мора да го нападнеме политичкиот систем кој и доведе до тоа, вели др. Стјепан Штерц. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски