Авион на компанијата „Катеј пасифик ервејс“ е задржан на аеродром повеќе од три часа, откако е утврдено дека еден од патниците по грешка го уништил таванот.
Мажот кој бил на летот CX705 од Хонгконг до Бангкок, наводно почнал да влече панел на таванот во авионската кабина, мислејќи дека станува збор за касета за рачен багаж.
За среќа инженерите успеале да ја санираат штетата и Ербасот А350 мошне брзо полетал од пистата.
Во авионот се наоѓале 280 патници, на кои компанијата им се извинила за доживеаната непријатност.