Во Скопје гостува авторот на „Југославија моја дежела“, Горан Војновиќ

Од:

Промоција на романот „Југославија, моја дежела“, во издание на „Или – или“, на која ќе гостува словенечкиот автор, Горан Војновиќ ќе се одржи на 27.07. (среда) во клубот „Ла Кања“ (Стара чаршија) од 21.30 часот. Преводот од словенечки јазик е на Драгана Евтимова, а објавувањето на романот како и гостувањето на авторот е во рамки на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Романот ќе го промовираат Румена Бужаровска и Звездан Георгиевски а по промоцијата со својот музички избор вечерта ќе ја збогати Саша Павловиќ.

Горан Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: „Јужњаци, надвор!“ (2008) и „Југославија, моја дежела“ (2012), за кои ја добива престижната “Кресникова награда”, а годинава е актуелен со новиот роман насловен „Смоква“ (2016).

Според романот „Југославија, моја дежела“поставена е и истоимената претстава во изведба на Словенско младинско гледалишче.

Со својот препознатлив стил, остриот и жив јазик, со умешното и луцидно раскажување Војновиќ во романот Југославија, моја дежела ги демитологизира Балканот и Југославија и на новите генерации им овозможува еден поширок и понепосреден поглед на она што се случуваше во војните на деведесеттите години на минатиот век на просторите на некогашната заедница.

„Југославија, моја дежела“ го поставува прашањето на смислата на сите војни, прашањето на злото, на вината, прашањето на односот татко-син, како и прашањето дали злосторствата може да се оправдаат и дали децата треба да ги плаќаат гревовите на своите родители.

Насловот на романот асоцира на популарниот слоган од крајот на осумдесетите години во Словенија, кој гласи: „Словенија, моја дежела“.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски