Денеска во Специјалното јавно обвинителство на распит е повикан градоналникот на општина Центар Андреј Жерновски.
Иако од СЈО не откриваат за што е повикан Жерновски, бидејќи се работи за предистражна постапка, сепак од општина Центар велат дека се работи за ДУП „Мал Ринг“, каде се сместени сите споменици и објекти од контроверзниот проект „Скопје 2014“.
Предметот, или поточно наодите од Ревизорските извештаи, кои жерновски, веднаш по доаѓањето во општината ги нарача, стоеја во некој фиока кај обвинителите на Марко Зврлевски.
Катица Јанева го отвара случајот врз основа на содржината на незаконски прислушуваните материјали. Ревизорските извештаи покажаа дека само за спомениците се потрошени 58 милиони евра, од кои за 8 милиони евра нема никакво покритие.
Кој се е вмешан и како се префрлале пари, какви биле тендерските постапки и кој сето тоа го одобрувал се очекува да биде расчистено од тимот на Јанева.