Седуммина руски пливачи добија забрана за настап на ОИ во Рио

Од:

Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) на седуммина руски пливачи им забрани да настапат на Летните олимписките игри во Рио де Женаиро.

ФИНА е првата меѓународна спортска федерација која се произнесе со забрана, откако во неделата Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека нема да им забрани настап на руските спортисти да учествуваат во Рио поради скандалот со допинг, но дека ќе им остави на релевантните индивидуални федерации да одлучат сами дали ќе воведат санкции за некој спортист.

Меѓу санкционираните се и тројца носители на бронзени медали на Олимпијадата во 2012 година во Лондон и тоа Владимир Морозов, Никита Лобинцев, Јулија Ефимова.

Прва која најави санкции за руските спортисти беше Светската атлетска федерација (ИААФ) која на некој начин и го покрена „скандалот“ во организиран допинг на руските спортисти.

Дали, челниците на ИААФ ќе останат доследни и пред стартот на Олимпијадата закажан за 5 август ќе изречат санкции останува да се види

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија