Папата Франциско денеска ги осуди „актите на насилство и тероризам“ во Минхен и во Кабул и ги повика верниците да му се приклучат во молитвите без оглед „колку песимистично изгледа перспективата за мир и безбедност“.
– Нашите молитви мора да бидат поупорни, без оглед на тоа колку потешкотиите изгледаат непремостливи, истакна папата пред верниците на плоштадот Свети Петар во Рим.
Германец со иранско потекло во петокот во Минхен уби девет луѓе, а вчера во Кабул во самоубиствен напад загинаа најмалку 80 луѓе, а 231 се повредени.