Децата веруваат во се што ќе прочитаат на Интернет, покажа истражувањето, кое го спроведе британското телекомуникациски регулаторно тело Офком.
– Бројот на децата кои немаат никаков критичен став кон она што ќе го пронајдат на пребарувачот Гугл и на социјалните мрежи двојно се зголеми, се наведува во студијата на ова тело, кое предупредува дека способноста за расудување постојано ќе им се намалува на таквите деца.
– Тие не умеат да проценат дали нешто е вистинито или пристрасно, се додава во истражувањето.
Секое десетто дете, кое користи Интернет, верува дека сите информации, кои ги пронаоѓаат се вистинити и точни, додека една петина смета дека податоците, кои можат да се најдат на пребарувачите се веродостојни.