Директорот на „Астон Мартин“ лично ќе ги контролира првите 1.000 возила од моделот „ДБ11“

Од:

Првиот човек на компанијата „Астон Мартин“, Енди Палмер, во следните неколку месеци ќе биде многу зафатен бидејќи самиот најави дека лично ќе ја изврши контролата на квалитетот на првите 1.000 примероци од новиот модел „ДБ11“.

„Астон Мартин ДБ11“ очигледно е многу значаен модел за британскиот производител бидејќи директорот на компанијата лично ќе го контролира квалитетот на секое од илјадата возила што први ќе се симнат од фабричката лента.

На овој начин, Енди Палмер сака дополнително да ги увери идните сопственици дека автомобилот што ќе им биде испорачан е во беспрекорна состојба.

По изведената контрола на квалитетот, секој од 1.000-те прегледани примероци од моделот „ДБ11“ ќе добие специјална плочка со изгравиран потпис на шефот на „Астон Мартин“, што ќе биде поставена на неговиот моќен В12 мотор.

За овој гест на Палмер, што, пред се, има маркетиншка смисла, постои уште една важна причина. Имено, „ДБ11“ е првиот сосема нов модел на „Астон Мартин“ откако Енди Палмер дојде на позицијата директор, во 2014 година.

„Астон Марин ДБ11“ е десетиот модел од славната „ДБ серија“ чиј зачетник беше „ДБ1“ од 1948 година.

Ова не е првпат шеф на некој производител лично да го контролира производството на новиот модел за да се увери дека автомобилот нема фалинка.

Како што неодамна пренесоа медиумите, првиот човек на „Тесла Моторс“ наводно извесно време спиел во фабриката кога почнала изработката на „ Моделот Х“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ