Полов напад врз 12-годишно девојче во Скопје

Од:

Непознат сторител извршил полов напад врз 12-годишно девојче вчера во скопската населба Карпош.

Како што соопшти МВР, случајот го пријавила В.П., мајката на девојчето, ноќеска во 2:30 часот по полноќ. Според неа, немилиот настан се случил околу 19:30 часот.

Додека девојчето возело велосипед по булеварот „Иво Лола Рибар“ и улицата „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години и му побарала 20 денари. Сторителот и рекол дека ќе и даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 денари сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина