Австралиските власти и медиумите се лути затоа што новот „Форд Фокус РС“ има таканаречен „drift mod“, што, како што наведуваат, е непотребно и многу опасно кога станува збор за модел што се корити на јавните патишта.
Љубителите во спортски автомобили ширум светот со нетрпение го очекуваа лансирањето на најновата генерација на моделот „Фокус РС“. Во Австралија, сепак, појавата на овој модел го привлече вниманието и на оние кои не се премногу фасцинирани од перформансите на автомобилот.
Некои експерти за безбедноста на патиштaта укажуваат на тоа дека „Фокус РС“ потенцијално е многу опасен заради „drift mod-от“, што, како што велат, ќе ги предизвика возачите да го користат на јавни сообраќајни места со што ќе се загрози безбедноста на другите учесници. Како резултат на сето тоа, некои здруженија како и претставници на власта, од „Форд“ побараа деактивирање на овој мод на возилата што се продаваат во Австралија.
Во компанијата „Форд“ одбиваат тоа да го направат со образложение, дека системот е така осмислен што при активирање на „drift mod-от“ на инструмент таблата се појавува порака што го информира возачот дека модот е „соодветен само за употреба на патека“.
Од друга страна, постои мислење дека овој мод има токму спротивна улога и дека ја зголемува безбедноста на возачите кои и без него секако би се одлучиле нa активирање на „drift mod“.
„Форд Фокус РС“ има четири предефинирани мода за возење.