Единствениот „Пагани Хуајра Перл“ сериозно оштетен во Париз

Од:

 Овој јули ќе остане забележен како кобен за ретките суперспортски автомобили.

Единствениот спортски автомобил „Пагани Хуајра Перл“ е сериозно оштетен во главниот град на Франција.

По веста за „Кунигсек Еден“ (постојат само седум примероци од овој модел) што се удри при тестирање на патеката Нирбургринг, на Интернет се објавени и фотографии на моделот „Пагани Хуајра Перл“ што  имаше несреќа во Париз.

„Хуајра“ сам по себе е многу вреден и ексклузивен автомобил (чини околу милион евра), а оштететена верзија „Перл“ практично е единствена во светот. Автомобилот е препознатлив по специјалниот заден спојлер што потекло носи од моделот „Зонда С“, вториот модел на „Пагани“.

Засега не е познато како е дојдено до несреќата, но на фотографиите се гледа дека задниот дел на автомобилот претрпел многу оштетувања.

„Пагани Хуајра Перл“ беше претставен оваа пролет. Производителот гогаш не соопшти дали се извршени било какви модификации на погонската единица во однос на регуларната верзија што ја движи 6.0 В12 би-турбо од одделението на „Мерцедес-АМГ“.

Поврзан со судумстепен секвенцијален менувач овој мотор е во состојба да испорача 730 кс. Силата се пренесува на задните тркала, а од нула до стотка на автомобилот му се потребни 3,3 секунди, додека максималната брзина што ја постигнува изнесува 370 километри на час. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ