Демократски сојуз: Почнаа дворските игри

Од:

Само пред два дена партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, потпишаа договор за создавање услови за одржување на парламентарни избори на 11 Декември ова година.

ДС имаше резерви околу договорот, посебно неговата имплементација. Со вечерашните опструкции и гласањето против промените во Изборниот законик од страна на ДУИ на седницата на Собранието на Република Македонија, во суштина почнаа дворските игри за пролонгирање на изборите. Ваквите опструкции се поради падот на рејтингот на владејачките патртии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ), на кои не им одговараат брзи избори.

Граѓаните бараат брзи избори, за да се случат промени, да се воспостави владеење на правото и расчисти со креаторите на кризата.

ДС очекува под притисок на јавноста, да започне имплементација на договорените обврски и одговорност за тие што ги кочат реформите и промените.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори