(ВИДЕО) Сугарески: Сериозни обврски за фер избори се пред парламентот, ќе учествуваме во работата

Од:

Денеска Пратеничката група на СДСМ и опозицијата продолжува да учествува во работата на Собранието.
Сериозни обврски произлегуваат од Договорот за фер и регуларни избори што е постигнат, што треба да се реализираат и преку Парламентот. Денеска треба да се донесат Измените на Изборниот законик, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ и опозицијата, Горан Сугарески.

Наша цел е одржување фер и регуларни избори. Сите наши чекори во текот на целиот овој процес на политичката криза што ја предизвика власта се во таа насока.

Во Договорот се предвидени рокови и решенија за сите прашања, Избирачкиот список, медиумите, ингеренциите на министерот за внатрешни работи, вклучително и обезбедување непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.

Ќе инсистираме овие обврски да се испочитуваат за да има избори во декември. Од овие причини, што се однесува до нашата поставеност, логичен чекор е денеска да продолжиме да учествуваме на пленарните седници во Собранието на РМ, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Славица Котиров го презема директорското место во Царина од Горан Сугарески

(ВИДЕО) Сугарески: Работодавците и компаниите да не бидат загрижени, не се очекуваат проблеми во исплатата

А1он

(ВИДЕО) Сугарески: Реконструкција на многу патишта немаше од времето на Тито, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош

Предраг Петровиќ

Државниот градежен инспекторат врши контроли на охридско-струшкото крајбрежје