Прогласена вонредна состојба во Минхен, се бркаат напаѓачите

Од:

Два и пол часа по вооружениот напад во трговскиот центар во Минхен, градската власт прогласи вонредна состојба, а баварската радио телевизија објави дека погинале шест луѓе.

Полицијата смета дека се работи за терористички акт и се спроведува голема акција за да се пронајдат напаѓачите чиј број се уште не е познат. Се евакуираат сите и од метрото каде избегал еден од напаѓачите.

Полицијата се уште не може да каже колкав е бројот на убиените ниту на ранетите.

Болницата во Минхен која се наоѓа во близината на шопинг центарот каде се случи нападот, како и другите клиники се подготвуваат за прием на повредени.

Повикани се сите лекари и медицински сестри кои имале слободен ден.

Би можело да ве интересира

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Уапсено 15-годишно момче за нападот во Германија во кој загинаа три лица

A1on

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

Вработена на скопските Клиники била нападната на работното место