Костадинов: ГРОМ нека го праша Пишев дали неговите објекти се легализирани

Од:

ГРОМ – малиот приврзок на ВМРО ДПМНЕ, денеска повторно ја одработи својата домашна задача, зададена од криминалната партија на власт. Тема на домашната задача за послушниот ученик, повторно беше градоначалникот Зоран Заев, оти сите други теми се ескивираат и забораваат, а токму тие теми се болни за власта и токму поради таквите премолчени теми од нивна страна, државата пропаѓа по сите можни основи. На криминалната гарнитура не им преостанува ништо друго, освен со лаги, интриги и инсинуации за Зоран Заев , да го скренат вниманието на јавноста од своето криминално владеење со Република Македонија, кажа на прес конференција, портпаролот на ОО СДСМ Струмица, Костадин Костадинов.

Една поговорка вели „Не удира гром во коприви“ но громот не удри ни во малиот градски парк каде што ГРОМ-овата „девојка за се“ од Струмица, ја одржа својата денешна прес конференција. Им даваме добронамерен совет на оние кои ја играат улогата на продолжена рака на Васил Пишев и ВМРО ДПМНЕ, да се позанимаваат малку, токму со Васил Пишев и да го запрашаат дали неговите објекти се легализирани, дали се срамува од криењето на неговата имотна состојба во Бугарија, дали неговата компанија ги исполнува условите за складирање на стокови резерви на зејтин и дали и тој добил „наместен“ тендер од Општина Струмица или некое Јавно претпријатие. Кога ГРОМ ќе има доблест да му ги постави тие прашања на Пишев, можеби ќе докаже дека е сериозна и одговорна политичка партија. Во спротивно ќе се потврди тоа што сите го знаат во државата, а тоа е дека ГРОМ не е ништо друго освен слуга на ВМРО ДПМНЕ. Бидејќи тоа никогаш нема да се случи, ОО на СДСМ од Струмица ги повикува надлежните институции , по јавно допрен глас да влезат во фирмата „Ал Макс“.

А од констатацијата на ГРОМ, дека Струмица нема градоначалник, може само да се заклучи дека некој во овој град се однесува како да не е од тука. Неинформираните од ГРОМ ги информираме дека градоначалникот Заев можеа денес да го видат на седницата на Советот на општина Струмица, каде по негов предлог, беа донесени неколку исклучителни значајни одлуки за доброто на граѓаните од нашата општина, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

Костадин Костадинов: Водата во Струмица е безбедна за пиење!

А1он

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Општина Струмица официјално соопшти дека се откажува од членството во ЗЕЛС, Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата во Управниот одбор

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски