СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може намерно да кочи со исполнување на условите за да нема избори годинава

Од:

Денеска на брифинг со новинарите, СДСМ соопшти дека со вчерашниот договор е исправена грешката од Пржино затоа не е одреден датум на избори пред да бидат исполнети условите.

Од СДСМ велат дека постои ризик до 31.август да не се исполнат условите или некој од нив да се проблематизира намерно. Се сомневаат дека од ВМРО- ДПМНЕ намерно ќе кочат со исполнување на дел од условите со цел да нема избори до крајот на годинава, а одговорноста да ја префлрат на опозицијата со продолжување на спинот дека се е исполнето но СДСМ се плаши да излезе на избори.

Сепак, велат, дали ќе се исполнат условите на 31.август е лесно проверливо, а во анализата, на маса, ќе учествуваат и странците. Доколку нема избори оваа година, според СДСМ тоа ќе значи дека следните би биле во 2017, но повторно без исполнети услови, односно повторно се ќе се влече наново целиот процес, што е неприфатливо.

Од опозицијата сакаат да има избори до крај на годинава и затоа се откажале од условот 6 месеци да бидат во преодната Влада која ќе ги спроведе изборите, и се согласиле на 100 дена само за да има избори оваа година.

Претпоставуваат дека првиот тест ќе биде со медиумите и потенцираат дека решението со ад-хок телото не е посакувано решение и од нивна страна.Најавија дека ќе повикаат на помасовно учество на познавачите со конструктивни предлози.

За специјалното судско одделение, велат дека тоа не било дел од пакетот во овие преговори. Судстство ќе се реформира согласно препораките од Прибе.

Вториот програмски сервис е договорено да биде на албански, а третиот за помалите етнички заедници. Според опозицијата првиот тест дали и како ќе се спроведува договореното ќе биде со делот за медиумите за кој велат “ова не беше нашето посакувано решение“. Од опозицјата сугерираа дека ќе бараат предлози од медиумската фела за телото кое ќе ги мониторира медиумите.

Најголеми препреки во договорите биле за МВР и ВМРО-ДПМНЕ инистирале истиот ден на избори, министерот веднаш да поднесе оставка, но со ова решение од договорот е предвидено се додека има изборни активности, прегласувања и се до официјалните и конечни резултати министерот да остане на функцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата