Селмани: ЗНМ нема да учествува во партиските консултации, договорот уште повеќе го партизира медиумскиот простор

Од:

Здружението на новинарите на Македонија нема да учествува во предвидените партиски консултации со новинарските организации за формирање на ад-хок тело кое ќе го мониторира медиумското известување.

Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани оцени дека вчерашниот договор уште повеќе го партизира медиумскиот просто и ЗНМ нема да даде легитимитет на таков договор.

“Сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијание. АД-хок партиското тело во рамките на Агенцијата за медиуми е неприфатливо за нас. Единствено решение е избор на нов Совет на агенцијата каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа ЗНМ нема да учествува во апртиските консултации за фомирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи партиски решенија кои нема да бидат во интерес на новинарите”, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Според него апсурдно е решението за МРТВ, партискиот уредник на власта да се замени со партискиот послушник од опозицијата.
„ Со тоа уште повеќе ќе се засилува партискиот притисок врз МРТ кој место сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси. Ако сакаме независен и професионален јавен сервис, раководните структури на МРТ треба да се департизираат и да се обезбеди независен и одржлив извор на финансирање”, вели Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје