ДС: Избори без реформи е само фрлање прашина в очи на јавноста

Од:

Постигнатиот договор помеѓу четирите политички партии за одржување на избори во декември годинава е само фрлање прашина во очите на јавноста и истиот не гарантира создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори, стои во соопштението на Демократски сојуз .

„Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, потоа реформите во медиумите, формирање на судско одделение кое ќе постапува по предмети од СЈО, како и формирање на експертска влада која ќе ги спроведе реформите“, пишува во соопштението на партијата на Павле Трајанов.

Според ДС, од исклучителна важност за демократизација на државата и демонтажа на еднопартискиот систем беше Македонија да биде една изборна единица, но и тие промени не се направија, ниту пак се прочисти избирачкиот список.

Заради сите овие прашања, но и досегашното искуство владејачките да ги блокираат реформите, партијата се сомнева дека преку постигнатиот договор ќе се дојде до кредибилни избори и дека истите ќе се одржат на 11 декември.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори