Доналд Трамп, кандидатот на републиканците, изјави дека, доколку стане претседател, САД ќе престанат автоматски да ги штитат сојузниците во НАТО.
Во интервју за Њујорк тајмс, Трамп кажа дека Вашингтон би им помогнал само на оние сојузници што ги исполнуваат обврските кон нив.
Тој се заложи, пред да почнат САД да „делат“ лекции, прво да „расчистат3 во својот двор.
Главната насока на надворешна политика која би ја водел Трамп е намалување на американското воено присуство во странство.
Трамп му изрази почит на Ердоган за тоа што успеал да ја сврти работата, и не смета дека неуспешниот државен удар бил наместен.