Грчки суд почна процес против 18 анархисти

Од:

Грчки Апелациски суд денеска почна процес против 18 анархисти обвинети за учество во терористичката организација „Заговор на јадрото на огнот“, соопшти весникот „Имерисија“.

Лицата на кои им се суди се обвинети не само за учество во организацијата, туку и за поседување експлозиви и за соучество во бомбашки напади.

Некои од нив беа осудени на затворски казни за учество во организирање експлозии, извршени пред домот на поранешниот грчки министер Лука Кацели, пред канцеларијата на поранешниот заменик министер Панајотис Хинофотис и пред Министерството за Македонија и Тракија во Солун.

Новите обвиненија се однесуваат за бомбашки напади на групата од 2008 до 2011 година. Станува збор за над 200 акции на терористичката организација, а таа за повеќето од нив ја презела одговорноста.

„Заговор на јадрата на огнот“ е групата што ја презеде одговорноста за писмата-бомби, испратени во ноември 2010 година до различни амбасади во грчката престолнина, како и до некои европски лидери.

Посочената терористичка организација се појави во Грција во 2008 година, кога за прв пат изврши напад со рачно изработени експлозивни направи.

Од тогаш таа ја презеде одговорноста за серија напади со експлозиви врз грчки политичари, судии, медиуми и економски институции.

Би можело да ве интересира

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски